Лацио ја победи Парма и му дише во врат на Јувентус

Лацио ја оствари 16. победа во Серија А оваа сезона славејќи на гости против Парма со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за „лацијалите“ беше Фелипе Каиседо во 41.минута од натпреварот.

Со овој триумф, Лацио се искачи на втората позиција на табелата со 53 бода и се доближи само на бод до лидерот Јувентус. Вечерва (20.45 часот) се игра градското дерби меѓу Интер и Милан, а „нероаѕурите“ со победа би се израмнило бодовно со „старата дама“.

Се вчитува...