Лацио ја победи Парма, Имобиле се скара со тренерот Инзаги

Лацио ја прекина мини-кризата на стартот од сезонава, рутински триумфирајќи со 2-0 на дуелот со Парма. Дел од медиумите најавуваа дека Симоне Инзаги во случај на неуспех би можел да биде заменет со Џенаро Гатузо, но јасно е дека овие три бода ќе му дадат барем малку мир на актуелниот стратег на римскиот клуб.

Инзаги ќе треба да реши еден проблем – конфликтот со Чиро Имобиле откако одличниот голгетер беше повлечен од игра во второто полувреме и бурно реагираше на тренерската одлука. Токму Имобиле го отвори резултатот на денешниот натпревар, а на 2-0 зголеми Марушиќ на асистенција на Милинковиќ – Савиќ.

„Лацијалите“ со овој триумф имаат седум бода (пет помалку од лидерот Интер) и се наоѓаат на делба на петтото место на табелата заедно со Аталанта и Болоња.

Се вчитува...