Лацио не запира – Имобиле ја донесе и деветтата победа во серија

Лацио ја продолжи победничката серија во Калчо-лигата, откако римскиот клуб славеше на гостувањето во Бреша со 1-2 за своја деветта победа во низа во елитното италијанско фудбалско друштво.

Избраниците на Симоне Инзаги први примија гол откако Балотели ја затресе нивната мрежа, но за среќа во своите редови го имаат Чиро Имобиле. Одличниот голгетер стрелаше прецизно од белата точка за израмнување, при што Чистана во 41. минута доби и црвен картон за стартот врз Каиседо.

„Лацијалите“ долго се мачеа да ја искористат предноста од фудбалер повеќе, за тоа конечно да им успее во судиското продолжение. Повторно Имобиле беше стрелец за римскиот состав, откако италијанскиот репрезентативец рутинскија смести топката во мрежата со удар од петнаесетина метри.

Лацио со денешниот триумф има 39 бода, само три помалку од Интер и Јувентус, кои се на делба на првото место на табелата.

 

Се вчитува...