Лацио официјално објави: Адио Сари!

Крај на „љубовта“ помеѓу Маурицио Сари и Лацио. Римскиот клуб ја објави разделбата со искусниот стручњак, откако тимот не успеа да се квалификува на меѓународна сцена.

Ова беше вториот престој на Сари на „Олимпико“. Прво го водеше тимот од 2021 до 2024 година, кога си замина од семејни причини. 67-годишниот тренер се врати во клубот во јуни 2025 година, но одново си заминува само после една сезона. Кај него имаше незадоволство од политиките креирани од Клаудио Лотито.

Лацио заврши сезонава на 9. место на табелата, и стигна до финалето на Купот на Италија, каде загуби од Интер.

Се вчитува...