Лацио освои цел плен на „Артемио Франки“

Лацио успеа да слави триумф (1-2) на „Артемио Франки“ против Фиорентина и се искачи на шестата позиција на табелата со 15 бода по деветтото коло во Серија А. „Лацијалите“ поведоа со голот на Хоакин Кореа во 22.минута, но Фиорентина многу брзо возврати.

Само шест минути подоцна, Федерико Киеза реализираше по асистенцијата на Франк Рибери. Сепак, Лацио стигна до трите бода во самата завршница. Чиро Имобиле беше стрелец на победничкиот погодок во 89.минута од средбата.

Се вчитува...