Лацио прв финалист во Купот на Италија

Лацио е првиот финалист во Купот на Италија, откако успеа да го елиминира Милан совладувајќи го на „Сан Сиро“ со 0-1. Првиот дуел од полуфиналето што се одигра во Рим заврши без голови.

Таличен за „лацијалите“ беше Хоакин Кореа кој во 58.минута успеа да го совлада Пепе Реина.

Вториот финалист ќе го даде утрешниот реванш меч меѓу Фиорентина и Аталанта. Првиот дуел заврши 3-3.

Се вчитува...