Лацио првото летно засилување го носи од Ливерпул

Лацио комплетно потфрли во Серија А, во моментов на осмата позиција на табелата. Токму поради тоа за следната сезона „лацијалите“ планираат сериозно засилување на тимот.

Првото име кое доаѓа на „Олимпико“ ова лето ќе биде 20-годишниот фудбалер на Ливерпул, Боби Адеканје кој од јуни е слободен фудбалер.

„Одам во Рим веќе сосема извесно. Останува само мали консултации со мојот агент и со семејството за да се донесе конечната одлука, но може да најавам дека се селам во Рим“ – вели Адеканје.

Младиот фудбалер сезонава постигна три гола и запиша две асистенции за резервите на Ливерпул. На „Енфилд“ е од 2015 година, претходно беше член на академијата на Барселона, додека првите фудбалски чекори ги направи во Ајакс. Адеканје за Лацио треба да потпише четиригодишен договор.

Се вчитува...