Лацио се уште се бори за место во ЛШ

Лацио експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Милан во минатото коло, па римскиот славеше на заостанатиот меч против Удинезе со 2-0 и остана во игра за четвртото место кое води во ЛШ во наредната сезона.

Отпорот на гостите од Фриули беше скршен уште во првото полувреме, најпрвин Каиседо во 21. минута погоди за водство од 1-0, за само две минути подоцна Кордеиро со автогол да ја запечати судбината на Удинезе.

Лацио со овој триумф сега има 52 бода, само три помалку од четвртопласираниот Милан.

Се вчитува...