Лацио со голем чекор кон ЛШ, но го загуби Имобиле

Лацио славеше со 0-1 на гостувањето против Торино, правејќи огромен чекор напред во трката за четвртото место кое носи учество во Лигата на шампионите наредната сезона.

Римскиот клуб беше подобар противник, во првото полувреме не реализираше пенал, но затоа во 55. минута на вистинско место се најде Милинковиќ – Савиќ, кој со овој значаен погодок уште еднаш покажа зошто важи за еден од најпосакуваните играчи за врска во фудбалска Европа. Црна дака на победата на „лацијалите“ остави повредата на Чиро Имобиле, кој мораше да биде заменет по само десетина минути игра и за него оваа сезона речиси сигурно е завршена.

На три кола до крајот Лацио и Рома се наоѓаат на делба на третото и четвртото место со по 70 бода, четири повеќе од Интер на петтата позиција. „Лацијалите“ во следното коло ќе ја пречекаат Аталанта, Рома ќе му гостува на Калјари, додека Интер ќе игра на „Фриули“ против Удинезе.

Се вчитува...