Лацио со победа ја заврши сезоната во Серија А

Лацио со победа ја заврши сезоната во Серија А, триумфирајќи во последното коло против Пиза.

Се на натпреварот се случи во првото полувреме, кога гостите најпрво со погодокот на Морео дојдоа до водство во 23. минута.

Но, следеше пресврт, и „лацијалите“ дојдоа до триумф со головите на Баширу и Педро.

Се вчитува...