Лацио со пресврт победа над Интер поднесе кандидатура за „скудетото“ (ВИДЕО)

Лацио покажа дека е озбилен кандидат за освојување на титулата во италијанската Серија А, откако вечерва во дербито на 24. коло успеа по пресврт да го порази Интер со 2-1. Натпреварот почна израмнето. За нијанса подобри беа гостите кои успеаја добрата игра да ја материјализираат со голот на Ешли Јанг во 44. минута и да заминат на полувреме со предност од 0-1.

Клучниот момент на мечот се случи во 50. минута, кога по една спорна ситуација во шеснаесетникот на гостите, главниот судија на мечот Џанлука Роки се одлучи да досуди пенал за „лацијалите“ кој успешно го реализираше најдобриот стрелец во Калчолигата Чиро Имобиле. Целосниот пресврт и големите три бода за Лацио ги донесе Сергеј Миленковиќ Савиќ во 69. минута одлично стрелаше и ги постави конечните 2-1.

Со оваа победа Лацио се искачи на втората позиција на табелата со 56 бода, односно еден помалку од првопласираниот Јувентус. Интер падна на третото место со 54 бода, три помалку од лидерот и два помалку од денешниот противник.

Standings provided by Sofascore LiveScore

 

Се вчитува...