Лацио ја оствари 18. победа во Серија А оваа сезона, многу значајна на гостувањето против Удинезе, славејќи со 1-2. Со овој триумф „лацијалите“ го прескокнаа Интер на табелата, и со идентичен број бодови како и Рома (60) влегоа во зоната за пласман во ЛШ следната сезона.
Удинезе прв стигна до водство со голот на Ласања во 12.минута, но Лацио реагираше веднаш и го сврте резултатот во своја корист до полувремето. Чиро Имобиле во 27.минута успеа да израмни, а десет минути подоцна Луис Алберто донесе предност за „лацијалите“. Тоа се покажа и како конечен исход на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА