Лацио триумфално стартуваше во Серија А, Аталанта во 93. минута до победа со Торино (ВИДЕО)

Лацио трумфално ја почна новата сезона во Серија А, со победа од 1-3 на гостувањето против Емполи.

Иако домашните поведоа со голот на Бандинели уште во 4. минута, сепак веќе во 6. минута српскиот репрезентативец Милинковиќ – Савиќ успеа да израмни.

 

Со голот на Лазари во 31. минута и Имобиле од пенал во 41. минута Лацио веќе на полувремето имаше убедлива предност, која ја зачува во вториот дел.

Аталанта, пак, до триумфот на гостувањето против Торино од 1-2 дојде со голот на Пиколи во 93. минута.

Претходно Аталанта имаше водство од 0-1 со погодокот на Муриел уште во 6. минута, но Белоти во 79. минута израмни за домашните.

Се вчитува...