Лацио убедлив, Палермо испадна, Пандев ја спасува Џенова

Палермо, тимот на македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски, и официјално испадна од Серија А, по денешното реми (1-1) на гости против Киево.

Горан Пандев го постигна голот за триумф на Џенова над неговиот поранешен тим Интер, за важни три бода со кои е на прагот да обезбеди опстанок. Тој беше најснаодлив во противничкиот шеснаесетник и одбиената топка од гредата ја смести во мрежата. Кандрева во завршницата не успеа да реализира пенал за „нероаѕурите“.

1-0 Goran Pandev Goal 07.05.2017 HD by dailyfootballkick

Лацио беше најубедлив во ова коло, совладувајќи ја Сампдорија во Рим со 7-3. Ќиро Имобиле беше двоен стрелец, а мрежата на гостите ја погодија и Кеита, Хеит, Андерсон, Де Врај и Лулиќ.

Резултати Италија: Киево – Палермо 1-1, Емполи – Болоња 3-1, Џенова – Интер 1-0, Лацио – Сампдорија 7-3, Пескара – Кротоне 0-1, Сасуоло – Фиорентина 2-2, Удинезе – Аталанта 1-1.

Се вчитува...