Лацио во 91. минута до триумф против Сасуоло, Рома убедлива со Бреша

Продолжува победничката низа на Лацио кој со гол во 91. минута славеше со 1-2 на гостувањето против Сасуоло во 13. коло од Серија А.

„Лацијалите“ до предност на гостувањето против Сасуоло дојдоа со голот на Имобиле во 34. минута, но домашните израмнија со погодокот на Капуто во 45. минута. Сепак, победата следеше со голот на „небесносините“ во 91. минута од натпреварот.

Рома победи со 3-0 против Бреша. „Волчицата“ до победата дојде со погодоците на Смолинг, Манчини и Џеко во второто полувреме.

Верона славеше против Фиорентина со 1-0 благодарение на голот на Ди Кармине во 66. минута.

Се вчитува...