Лацио за 30 минути во вториот дел го „потопи“ Кротоне… (видео)

Лацио стигна до очекувана победа против Кротоне од 4-0 во 18. коло од Серија А, и покрај тоа што малку подолго навивачите на „небесносините“ чекаа на првиот гол од своите миленици.

„Лацијалите“ до предност стигнаа во 56. минута со голот на Лукаку а потоа во следните 30 минути тотално го разбија Кротоне со уште три гола, на Имобиле во 78. минута, Лулиќ во 86. минута и Андерсон во 89. минута од средбата.

По овој триумф Лацио со 39 бода се проби на четвртата позиција на табелата, со три бода заостанување зад водечкиот Наполи, а два помалку од Јувентус кој е на втората позиција. На третото место е Интер со 40 бода.

Се вчитува...