Лацио за малку „од готово вересија“ против Џенова

Лацио остана во игра во трката за пласман во Лигата на Шампионите откако римскиот клуб славеше со 4-3 на дуелот против Џенова, на првиот натпревар од денешната програма во Серија А.

„Лацијалите“ од првата минута тргнаа во офанзива, а по неколкуте одлични интервенции на гостинскиот голман Перин, римскиот клуб поведе со 1-0 со голот што го постигна Кореа. Пред крајот на полувремето Имобиле од пенал зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на одмор. Марушиќ постигна автогол со кој Џенова намали на 2-1, но „лацијалите“ експресно возвратија и со головите на Алберто и на Кореа поведоа со преубедливи 4-1.

Џенова, во чии редови поради суспензија не настапи Горан Пандев, не се предаде, па со головите на Скамака во 80. и на Шомуродов во 81. минута намали на 4-3, внесувајќи го мечот во неизвесна завршница. Римјаните сепак успеаја да ја задржат минималната предност до самиот крај, добивајќи го овој интересен меч со конечни 3-1.

Се вчитува...