Хаосот во Наполи продолжува со реакција на претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис. Тој најави дека клубот подготвува казни за несоодветното однесување на фудбалерите и прогласи „силенцио стампа“. Ниту еден фудбалер на Наполи не смее да дава изјави за медиумите на неодредено време.
„Клубот најавува дека ќе стори сè што е во нашата моќ за да ги заштити економски интереси, имиџ-права и дисциплински интереси, а во врска со однесувањето на првиот тим по завршувањето на синоќешниот натпревар. Клубот исто така сака да појасни дека тренерот Карло Анчелоти ја има одговорноста за донесување на одлуки во однос на тренинг кампот. Исто така, дека во блиска иднина нема да има изјави за медиумите“, објави Наполи.
Фудбалерите на Наполи предводени од капитенот Лоренцо Инсиње по синоќешниот меч во ЛШ одбиле да заминат во карантин во тренинг базата и си заминале дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА