Де Лаурентис удри по Инсиње – Нека ми се јави кога ќе порасне

Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис удри по својата прва ѕвезда Лоренцо Инсиње, велејќи дека фудбалерот мора да одлучи што сака во животот. Инсиње се наоѓа во немилост на Карло Анчелоти кој не го сака фудбалерот во тимот, а претседателот во тој конфликт цврсто застана на страна на тренерот.

„Не можам да сфатам зошто не е среќен во Наполи. Одличен фудбалер е, но ако мисли дека неговата авантура во Наполи е завршена подобро да го каже тоа. Се работи за момче кое никогаш нема добри односи со тренерите. Го сакам Инсиње, но мора да сфати дека во клубот има 25 фудбалери, не е само тој. Кога ќе порасне и ќе знае што сака може да не побара и да ни каже“, изјави Лаурентис. 

Наполи во моментов се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Серија А, а викендов се среќава со екипата на Верона.

Се вчитува...