Карлос Алкараз и Арина Сабаленка се главните лауреати на овогодинешното издание на наградите „Лауреус“, церемонија што се одржа во Мадрид.
Алкараз имаше година за паметење и ја доби наградта за најдобар спортист, додека во женска конкуренција истото признание заврши во рацете на Сабаленка, која доминираше во женскиот тенис во изминатата година, но и на почетокот од 2026.
Европскиот фудбалски првак ПСЖ се закити со наградата со најдобар тим во 2025 година, за откровение на годината беше избран новиот Ф1 шампион Ландо Норис, додека голферот Рори Мекилрој ја доби наградата за камбек на годината.
Ламин Јамал се закити со признанието за најдобар млад спортист, додека легендата на Реал Мадрид, Германецот Тони Крос, ја доби наградата за спортска инспирација.
Признанието за животно дели и припадна на легендарната гимнастичарка Надја Команечи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
