Интер наскоро ќе го објави продолжувањето на договоротсо својот прв напаѓач Лаутаро Мартинез, објавува „Газета“. Моменталниот договор на Аргентинецот со „нероазурите“ е до 2026 година.
Според информациите, преговорите меѓу двете страни одат во позитивна насока, а во првите денови од 2024 година треба да биде објавен и новиот договор, кој ќе биде до 2028 година. Се очекува да биде зголемена и платата на 26-годишниот Аргентинец.
Тој ќе добива по 7 милиони евра по сезона, и ќе биде најплатениот играч на „нероазурите“. Неговиот агент Алехандро Камано, кажа дека Лаутаро сака доживотно да биде дел од Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА