Лаутаро Мартинез го искачи Интер на врвот во Серија А

Интер успеа да го искористи „киксот“ на Јувентус и со триумф над Спал од 21 се искачи на врвот на табелата во Серија А. Сега „нероаѕурите“ имаат бод повеќе од „старата дама“ по 14 одиграни кола. Лаутаро Мартинез беше човекот на одлука за тимот на Антонио Конте. Тој ги постигна двата гола за Интер, во 16. и во 41.минута. Матија Валоти намали во 50.минута, но тоа беше се од гостите на овој меч.

Илија Несторовски беше стартер, но Удинезе доживеа убедлив пораз (3-0) на гости во Рим против Лацио. Чиро Имобиле беше двоен стрелец, а третиот гол беше дел на Луис Алберто. За „лацијалите“ беа досудени два пенали на овој меч.

Милан славеше на гости против Парма со 0-1, со голот на Тео Хернандез во 88.минута од натпреварот.

Се вчитува...