Лаутаро Мартинез му донесе триумф на Интер против Лион

Италијанскиот калчолигаш Интер го совлада Лион со 1-0, во рамките на Интернационалниот куп на шампионите. Дуелот се одигра во Лече, а стрелец на победничкиот гол за „нероаѕурите“ беше новото засилување, Лаутаро Мартинез.

Тој во 52.минута успеа да ја погоди мрежата на францускиот состав и покажа дека ќе биде големо засилување во навалната линија и поддршка за капитенот Мауро Икарди.

 

Се вчитува...