Лаутаро: Се колнам, сонував дека ќе го дадам победничкиот гол

Лаутаро Мартинез е играчот чие име ќе остане запишано со оној фантастичен погодок во судиското продолжение со кој Аргентина славеше со 2-1 над Англија и обезбеди плласман во големото мундијалско финале.

„Ова е судбина, сонував како го постигнувам голот за победа. Им го кажав тоа и на дел од соиграчите пред да влезам, дека ќе го постигнам погодокот што сите го посакувавме. Се колнам, му кажав на Алексис, потоа и на Медина… Англичаните беа добри 60 минути, но потоа се изморија, ние почнавме да ја играме нашата игра и не можеа да не запрат“, истакна Мартинез.

Потоа, тој со солзи во очите се наврати на своите фудбалски почетоци…

„Не можам да престанам да плачам, токму многу емоции, исполнување на сонот, да дадам гол за поеда на еден ваков натревар. Ова е победа за моето семејство, за мајка ми која од деното кога отидов во Расинг никогаш не престана да ми го мести креветот каде што спиев. Сега и се јавив, беше на работа, отишла да работи затоа што и е премногу тешко да ги гледа натпреварите на Аргентина“, прокоментира новиот аргентински херој.

Се вчитува...