Лаутаро стрела прецизно – Интер поведе против Лацио (видео)

Интер прв стигна до водство на дербито во Рим против Лацио, откако Лаутаро Мартинез успеа да го матира домашниот голман за радост на „нероаѕурите“.

Аргентинецот трпеливо ја чекаше својата шанса, а кога топката дојде до него по една мешаница при обид за продор на Перишиќ, Лаутаро одлично се снајде и ја смести топката во мрежата на „лацијалите“.

Се вчитува...