„Лавиците“ со фуриозно второ полувреме до предност од три гола пред реваншот во Чешка

Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров со позитива од три гола (32-29) ќе патува на реваншот во Чешка кај Лажне Кинзварт во двомечот од осминафиналето во ЕХФ купот.

Во првото полувреме се водеше вистинска битка на двете страни на теренот, а по 30 минути за нијанса подобри беа гостинките кои на пауза заминаа со минимална предност од 13-14. Во вториот дел „лавиците“ заиграа далеку подобро и со фуриозна игра во последната четвртина од мечот успеаја да стигнат до конечен трумф од 32-29.

Коларовска, Ангела Јанкуловска и Ризовска со по шест гола беа најефикасни во таборот на Ѓорче Петров, додека кај поразените Патрнчакова постигна пет гола. Реваншот ќе се одигра за седум дена во Чешка.

Се вчитува...