„Лавови“ и дишат во врат на Шкендија… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ништо во фудбалот не е случајно. Позитивниот старт на Македонија ЃП кој за многумина беше само моментална инспирација на почетокот од сезоната, сега веќе е тотална последица на труд, знаење и визија.

Еден од најдобрите македонски тренери, Жикица Тасевски скрои колектив кој веќе и дефинитивно потврдува дека ќе биде сериозна препрека за секого на патот до титулата. И, не само препрека, но состав кој погледите ги насочува само кон себе и своите цели и амбиции. Го почувствуваа тоа денеска и Работнички и Ратко Достаниќ, со кого токму Тасевски соработуваше во минатото при неговото прво доаѓање во Македонија водејќи го Вардар.

„Лавовите“ веќе и дишат во врат на Шкендија, јасно потврдувајќи дека веќе не стравуваат од ниту еден противник во битката за врвот, а отворено најавувајќи ги своите тивки но крупни чекори од натпревар на натпревар… До конечната цел!

 

 

Се вчитува...