„Лавовите“ го гризнаа Вардар

Македонскиот вицепрвак Вардар продолжува со загрижувачки резултати во пресрет на стартот на новиот шампионат на Македонија. По срамната елиминација од ерменскиот Пјуник, со два порази во двата меча, „црвено-црните“ загубија и од новиот прволигаш Македонија ЃП со 0-1 во пријателски натпревар што се одигра на игралиштето во населба Аеродром.

„Лавовите“ го гризнаа Вардар на десетина минути пред крајот на мечот, кога по една мешаница се затресе нивната мрежа.

Вардар на овој меч настапи во следниот состав: Гачевски, Тошевски, Новак, Попов, Брдаровски, Битанг, Мицевски, Талески, Цветаноски, Барсегјан, Максимов. Во вториот дел играа уште: Илиќ, Серафимов, Херанц, Најдовски, Лира, Бала, Али, Реџепи, Попозлатанов, Колевски и Манев.

Се вчитува...