„Лавовите“ го промовираа Адем: „Среќен сум што се враќам дома…“

Пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа, Македонија ЃП и официјално го промовираше едно од засилувањата за новата сезона, повратникот Ермедин Адем.

28-годишниот Адем минатата сезона настапуваше во редовите на Ренова, а сега по пет години повторно се враќа во дресот на „лавовите“…

„Се вратив дома! Среќен сум што сум повторно во Ѓорче, во добро позната средина и едвај чекам да го дадам својот максимум и да му помогнам на клубот во исполнување на следните предизвици“ – истакна Адем на промоцијата во новиот дрес.

Адем претходно во својата кариера има настапувано и за Шкупи, Тетекс како и за кумановски Милано во првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...