„Лавовите“ го промовираа Стјепановиќ – најголемо засилување за пролетниот дел

Македонија ЃП и официјално, во финишот на преодниот рок, го промовираше поранешниот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ како свое најголемо засилување за пролетниот дел од сезоната.

33-годишниот Стјепановиќ всушност се враќа во матичниот клуб од каде фудбалски потекнува.

Остоја Стјепановиќ на домашната сцена има настапи за Вардар и Работнички, а на интернационалната сцена има настапи за српските Партизан, Динамо Врање, ОФК Београд и Чукарички, австриски Матерсбург, полските Висла Краков и Сласк Вроцлав како и АЕЛ Лимасол на Кипар.

Се вчитува...