„Лавовите“ не се плашат ниту од Шкендија, Вардар против Ренова бара враќање на победите

По триумфот над Вардар во претходното коло, тетовска Шкендија без сомнение посакува нов триумф и денеска во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига со што активно би ја продолжила трката за лидерската позиција во шампионатот.

Но, тетовци и тоа како ги чека тешка задача соочувајќи се со составот на Македонија ЃП, кој оваа есен на изненадување на многумина игра одличен фудбал. „Лавовите“ се во серија од четири едноподруго натпревари без пораз, три победи и реми, па сосема оправдано истакнуваат дека воопшто не се плашат и од дуелот со Шкендија…

„Нема за што да стравуваме. Напротив, тим како Шкендија, кој е најдобриот во лигата, е секогаш мотив повеќе за надигрување. Се надеваме на квалитетен фудбал и секако посакуваме непоразени да се вратиме во Скопје“ – истакнуваат од таборот на Македонија ЃП.

Во уште една скопско-тетовска пресметка, Вардар ќе атакува на триумф против Ренова. По поразот од Шкендија „вардарци“ сега силно посакуваат враќање на победите без разлика што ќе играат без првиот офанзивец Тигран Барсегјан.

Во таборот на Ренова, сега предводени од клупата од Никола Илиевски – Џиџи, веруваат дека може да парираат на Вардар и од Скопје да се вратат непоразени.

ДВОЈКИ – 11. КОЛО (13:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

Турново: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Битола: ПОБЕДА – ШКУПИ

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...