„Лавовите“ не се предаваат: Јашароски носи израмнување во Ерменија (ВИДЕО)

Храбрата игра на Македонија ЃП на гостувањето против Алашкерт вроди со плод, па „лавовите“ во второто полувреме успеаја да стигнат до израмнување.

Јашароски е стрелец на израмнувачкиот погодок, откако повратникот во таборот на „лавовите“ со прекрасен удар со глава го матираше домашниот голман.

Доколку успеат да ги задржат овие 1-1, фудбалерите на Македонија ЃП ќе имаат огромна шанса со добра игра на реваншот во Скопје да го елиминираат ривалот од Ерменија и да се пласираат во следната квалификациска рунда за Лигата на Европа.

Се вчитува...