„Лавовите“ по пенал-рулетот во Струга до финале во Купот (ВИДЕО)

Македонија ЃП ќе игра против бранителот на титулата Силекс во финалето од Купот на Македонија откако во полуфиналната пресметка против Струга ТЛ во Струга славеше дури по изведувањето на пеналите.

Откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, во пенал-рулетот „лавовите“ славеа со 2-4 благодарение на головите на Адем, Атанасковски, Стојкоски и Попзлатанов, а во последната серија голманот Стевковски го одбрани ударот од белата точка на Галевски.

Во финалето кое се игра на 20. мај на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Силекс ќе го брани трофејот од минатата година, а Македонија ЃП ќе го напаѓа во обидот за европски излез.

Се вчитува...