Фудбалерите на Македонија ЃП славеа со 4-1 на домашен терен против Арсими во премиерниот меч од 9. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Домаќините поведоа со 1-0 со голот Ѓорѓи Стоилов во 12. минута од средбата.
Домашниот тим имаше доминација во поседот на топката, но лесно можеше да се случи Арсими да дојде до израмнување. Игнатов од дваесетина метри се закани, меѓутоа неговиот удар заврши за малку крај голот.
„Лавовите“ можеа и до 2-0 преку Софијановски во 46. минута од средбата, но неговиот удар заврши крај голот. Сепак, домаќините успеаја да ја удвојат предноста преку Трајков во 51. минута.
Гостите намалија на 2-1 преку Шефити во 63. минута, но само две минути подоцна останаа со фудбалер помалку. Гереро во 81. минута зголеми на 3-1, додека Кире Марковски во 89. минута ги постави конечните 4-1.
ПМФЛ 9. КОЛО:
ДЕНЕСКА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ
САБОТА:
(15.00) АП БРЕРА – БАШКИМИ
(15.00) ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА:
(15.00) СИЛЕКС – ТИКВЕШ
(15.00) ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ПОНЕДЕЛНИК:
(18.00) ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

