„Лавовите“ подобри од Велазерими

Новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров полека фаќа залет за настапите во елитната конкуренција. „Лавовите“ одиграа пријателски натпревар против Велазерими и славеа со 2-1.

Кичевскиот тим прв стигна до водство на овој натпревар со погодокот на Адили. Брзо успеа да израмни Костовски, а триумфот на ѓорчепетровци им го донесе бразилскиот интернационалец Џеферсон.

Се вчитува...