„Лавовите“ поразени и од казахстански Атирај (0-3)

Фудбалерите на Македонија ЃП го запишаа и четвртиот пораз на подготовките во Анталија, овој пат од казахстанскиот прволигаш Атирај.

„Лавовите“ доживеаја убедлив пораз од 0-3 (0-1), во натпревар во кој Казахстанците комплетно доминирале низ сите 90 минути.

Претходно Македонија ЃП загуби и од Шахтјор Караганди, Ботев Враца и Арка Гдањск на подготовките во турскиот туристички центар.

Младинскиот тим на Македонија ЃП, пак, вчера одигра пријателски натпревар со второлигашот Тетекс во кој доживеа пораз од 1-4. Стрелци за „штофарите“ биле Филип Петковски, Бојан Михајловски, Енис Дервиши и Меритон Салии.

Се вчитува...