Фудбалерите на Македонија ЃП доживеаја и трет пораз на подготовките во Аланија.
По поразите од казахстанскиот Шахтјор Караганди (1-2) како и од бугарскиот прволигаш Ботев Враца (0-1), „лавовите“ денеска загубија и од полскиот прволигаш Арка со 1-2.
Стрелец на единствениот гол за Македонија ЃП бил Боби Божиновски во 22. минута од средбата. Полјаците до триумфот дошле со гол во 70. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА