„Лавовите“ ремизираа на контролата со Динамо Врање

Екипата на Македонија ЃП ремизираше 1-1 на подготвителниот натпревар што го одигра против српскиот клуб Динамо Врање.

Тренерот на „лавовите“ го промени речиси целиот тим во второто полувреме, давајќи им шанса на сите фудбалери да го покажат своето знаење во пресрет на новата сезона, во која Македонија ЃП повторно ќе биде дел од елитното друштво. Стрелец на единствениот гол за „лавовите“ беше Кристијан Костовски во второто полувреме, откако Динамо го заврши првиот дел со водство од 0-1.

Своето деби во дресот на Македонија ЃП го имаше напаѓачот Илирид Адеми, кој пристигна од редовите на Гостивар.

Се вчитува...