„Лавовите“ со четири нови фудбалери ги почнаа подготовките за пролетта

Македонија ЃП со четворица нови фудбалери денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Бразилците Изалдо Жуниор, Андре Пеналва и Пауло Едуардо Карвалјо – Паду како и поранешниот младински репрезентативец Бенјамин Демир кој пристапи од редовите на Спартак Суботица се новите имиња меѓу „лавовите“ со кои ќе располага шефот на стручниот штаб Александар Таневски за продолжението од првенството. Единствен, пак, кој досега замина е левиот бек Жуниор кој се пресели во редовите на Вардар.

Поради снежните врнежи во Скопје, првиот тренинг го одработи во сала каде ќе се работи и следниве денови. Според плановите на стручниот штаб во главниот град ќе се работи до 23. јануари кога се заминува на главните подготовки во Аланија, Турција. Пред заминувањето за Турција на 20. јануари договорен е тест дуел со тетовска Шкендија.

Се вчитува...