„Лавовите“ загубија од Шахтјор Караганди на првиот тест во Анталија

Фудбалерите на Македонија ЃП загубија со 1-2 од казахстанскиот прволигаш Шахтјор Караганди во првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

Во главно израмнет натпревар, стрелец за македонскиот состав бил Христијан Кировски во 8. минута. Казахстанците до победата стигнале со погодоците на Нургалиев во 28. минута и Мошников во 54. минута од средбата.

За Македонија ЃП настапиле Димовски, Стојанов, Мишевски, Бианор, Изалдо, Стјепановиќ, Робсон, Божиновски, Пад, Воса и Кировски, а уште играле и Демир, Серафимов, Пецов, Пеналва, Јакимовски, Емини, Адеми, Филиповски, Билали и Костовски.

„Лавовите“ за време на подготовките во Анталија планираат уште четири тест дуели против Ботев Враца на 28. јануари, против Легија Гдањск на 31. јануари и против ЦСКА 1948 на 05. февруари. Се бара противник за терминот за 3. февруари.

Се вчитува...