„Лавовското срце“ – големо: Како Кировски ги „сруши“ и „пандевци“…. (ВИДЕО + ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ЃП е без сомнение најпријатното изненадување на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Покрај тоа што „лавовите“ се изборија и за четвртфинале во Купот на Македонија, цврсто газат и во шампионатот каде со 13 бода по денешното 10. коло се пробија на 5. место на табелата.

А, сето тоа благодарение на новата победа, овој пат од 1-0 против Академија Пандев. „Лавовите“ до триумфот дојдоа во 55. минута со голот на Христијан Кировски кој мајсторски искористи една грешка на гостинската одбрана…

Сето тоа на крајот се покажа сосема доволно за нови три бода и огромна радост. Во последните четири кола од првенството Македонија ЃП има 10 бода, три победи и едно реми.

 

Се вчитува...