Лазаревски: Време е Работнички да победи

Работнички во 34.коло од Првата фудбалска лига на домашен терен ќе го пречека составот на Македонија ЃП. По четири порази и едно реми, тренерот Баже Лазаревски верува дека тимот конечно ќе триумфира.

„Дојдовме во опасната зона. Едноставно мора да победиме. Заборавивме да победуваме на домашен терен, време е…Македонија ЃП е квалитетен тим, бодовите исто така им се потребни, но ние сме во ситуација кога немаме друг избор. Само триумф е опција и фудбалерите тоа навистина добро го разбираат. Мораме да реагираме соодветно“, вели шефот на стручниот штаб, Баже Лазаревски.

Натпреварот меѓу Работнички и Македонија ЃП се одигра в недела, со почеток во 16.30 часот, а ќе го суди Александар Ставрев.

Се вчитува...