Македонија одигра квалитетно на СП 2025 освојувајќи го 15. место на мундијалот што завршува денеска, а селекторот Кире Лазаров има причина за задоволство од големиот чекор напред направен во однос на претходните големи натпреварувања на кои учествуваше нашиот национален тим во континуитет подолго од една деценија.
Лазаров е гостин на МТВ за денешниот последен мундијалски ден, при што нашиот селектор даде и краток осврт за настапот на националната селекција.
- „Она на што инсистирав, што го барав од ракометарите беше да го промениме нашиот менталитет како репрезентација, да се бориме до крај, да не се предаваме, да веруваме дека против секого можеме до позитивен резултат. Добро ги одработивме подготовките и јавноста ја препозна нашата борба и тоа што не се предававме до крај. Македонските фанови разбираат ракомет и ги наградија ракометарите. Тоа е аспектот од кој што сум најмногу задоволен, но има уште многу за работа и за напредување“, истакна Лазаров во изјавата за МТВ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА