Лазаров: Чешка е подобра репрезентација од Романија, не чека тежок предизвик

Македонската ракометна репрезентација го имаше првиот собир пред бараж двомечот против репрезентацијата на Чешка за пласман на Светското првенство кое во 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска.

Селекторот Лазаров вели дека со победата над Романија беше остварена првата цел, но против Чешка ќе биде многу потешко бидејќи е поквалитетна репрезентација.

„Дојдовме до тоа што го посакувавме. Последен бараж пред СП. Чешка е сериозна репрезентација која имаше многу добро ЕП, недостигаше спортска среќа да направат чудо, да ги елиминираат финалистите, Шведска и Шпанија. Тоа е е репрезентација која одигра добро ЕП, која домаќинството вп Словачка го искористи, имаа и поддршка од својата публика. Тоа е репрезентација за респект, репрезентација која лично мене ме изненади како го одигра тоа ЕП, и покрај тоа тие го сменија селекторот. Значи мислат дека можат уште подобро. Тоа ни покажува дека се работи за амбициозна селекција која во последните години правеше добри резултати. Се сеќаваме на 2018 на ЕП, и во 2020 имаше забележителен настап. Така да не чека тежок предизвик, мислам дека треба добро да ги искористиме овие 3-4 дена, добро да се подготвиме. Нема потреба да ја споредам Чешка со Романија, можам да кажам дека 15-20% е повоиграна репрезентација, иако не треба да се занемари квалитетот на Романија. Нема да не уплаши тоа, напротив, ќе се подготвиме добро, имаме јасна идеја. Можеби и ја препуштаме фаворитска улога на Чешка, но ние сакаме пласман на СП и сме спремни да го дадеме нашиот максимум да се пласираме на тоа СП. Мислам дека многу ќе ни значи уште еден настап на големо натппреварување, оваа нова Македонија да има настап. Ние ќе сториме се, ќе се подготвиме. Спремни сме, доста ја анализиравме иако малку ќе ни биде чудно затоа што немаме никаков материја со новиот селектор. Материјалот од Србија – Чешка пријателските не успеавме да го добиеме, но ќе најдеме начин како да се подготвиме. Сепак како што во повеќе наврати сум кажувал, така и сега ќе кажам, ние треба да се сконцентрираме на нас самите. Она што е добро да го задржиме , она што ни фалеше во минатиот период да го подобриме. Мислам дека сме во нагорна линија, мислам дека сме на добар пат да ги искористиме овие 3-4 дена. Се надевам дека ќе останеме тие што сме здрави. Тоа е најважно, веќе ни недостигаат тројца играчи, ако има воошто прва седморка. Тоа се Мартин Велковски, Дејан Манасков и Цветан Кузманоски. Имаме проблем со Павле Атанасијевиќ, ќе видиме како ќе се одвива работата со него, го повикав, да се рехаблитираме, дава позотивни знаци. Целта е да ги одбереме спремните и најдобрите 16 за во среда“, изјави Лазаров. 

Првиот натпревар меѓу Чешка и Македонија ќе се игра во среда во Злин, додека реваншот е закажан за на 17. април.

Се вчитува...