Лазаров: Добивме екстремно тешка група, но надежта никогаш не смее да се загуби однапред

Селекторот Кире Лазаров никако не може да биде задоволен од денешната ждрепка за групите за ЕП 2024, откако Македонија за ривали во групата А ги доби Германија, Франција и Швајцарија.

Пласманот во следната рунда се чини како невозможна мисија, но Лазаров одбива однапред да се предаде во битките со реномираните противници.

„Она што може да се каже веднаш е дека добивме екстремно тешка група. Ќе работиме напорно да го дигнеме нашето ниво во претстојниот период, да можеме достоинствено да се бориме со светските велесили во ракометот. Ќе звучи многу нескромно да бидеме оптимисти во една ваква група, но надежта никогаш не смее да се загуби однапред. Треба многу жртва и посветеност, создаваме компетитивна нова репрезентација по комплетната смена на генерации. Врувам во момците и во тоа што го работиме, очекувам да дојдат и резултатите од таа работа“, изјави Лазаров веднаш по ждрепката.

Се вчитува...