Лазаров: Египет е добра селекција, но ова не личи на Македонија

Кире Лазаров не го крие разочарувањето откако „црвено-жолтите“ го претрпеа и вториот двоцифрен пораз на овој светски шампионат. Иако беше јасно дека Египет е голем фаворит пред вчерашниот дуел, македонскиот капитен е изненаден од слабото издание на нашиот состав.

„Не очекував ваков резултат, сите сме разочарани. Знаевме дека Египет е добра селекција, но да се губи со 20 гола разлика… ова не личи на Македонија“, изјави Лазаров за данската телевизија ТВ2 Спорт.

Останува да се види реакцијата на Лазаров како најискусен и на остатите македонски репрезентативци на утрешниот дуел со Чиле (15.30 часот), на кој победа ќе значи и пласман во следната фаза од мундијалот.

 

Се вчитува...