Лазаров емотивно се прости од Доне Бошковски: Дондо мој, знаевме и да се скараме, но се почитувавме

Кире Лазаров преку емотивна порака се прости од Андон Бошковски, кој трагично почина денеска на 47-годишна возраст. Одличниот стратег важеше за добар пријател на најдобриот македонски ракометар на сите времиња, а Лазаров не можеше да ја сокрие тагата од големата загуба.

„Почивај во мир, Дондо мој…

Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе а ти ми беше еден од ретките..

Многу нефер од твоја страна..

Направивме многу заедно

Знаевме и да се скараме но се сакавме/почитувавме

Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа но тоа не е битно јас знаев што имам покрај себе..

Нека ти е лесна земја и светол патот..💔💔💔

Се вчитува...