Лазаров ги избра патниците за Египет, Стоилов остана во Скопје

Македонската репрезентација денеска заминува за Каиро, каде што утре и во сабота ќе одигра два натпревари против соодветната репрезентација на Египет. Кирил Лазаров ги одбра патниците за Каиро, а на списокот не се најде Стојанче Стоилов кој самиот побарад да биде иземен од ова патување бидејќи има ситна повреда, а до крајот на сезоната Вардар го чекаат тешки натпревари во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Покрај Стоилов од ракометарите кои изминатиот период тренираа во Скопје, во Египет нема да патува и Петар Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер, кој беше повикан како замена за неговиот соиграч Бојан Маџовски кој имаше ситна повреда, но сепак ќе биде подготвен за двата меча со Египет. Градимир Чаневски исто така нема да биде дел од репрезентацијата, додека последниот избор ќе биде меѓу Томислав Јагуриновски кој на тренинг заработил повреда на зглобот и доколку не биде подготвен место него Марко Митев ќе биде дел од селекцијата.

Овие два натпревари против Египет ќе бидат од големо значење за младите играчи, бидејќи „фараоните“ се една од најдобрите репрезентации во светот, а на последните Летни олимписки игри во Токио завршија четврти.

Се вчитува...