Селекторот Кире Лазаров непосредно пред попладневното полетување за Чешка го објави списокот на играчи на чии услуги ќе смета за првиот дуел од двомечот, што ќе се игра утре во Злин.
Во однос на оние 23 ракометари кои ги одработеа подготовките, петмина отпаднаа од комбинација. Двајца од нив нема да бидат дел од тимот поради повреди, Павле Атанасијевиќ и Ненад Костески се жалеа на болки и во текот на последните тренинзи, па беше одлучено овие ракометари воопшто да не патуваат за Злин.
Останатите тројца кои не се најдоа на списокот на патници за Чешка се крилото Кондев, пивотот Стојковиќ и голманот Кизиќ.
Ова значи дека Македонија ќе отпатува за Злин со следниот состав:
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски.
ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов,
КРИЛА: Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевски.
БЕКОВИ: Мартин Серафимов, Томи Јагуриновски, Кире Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Митев, Филип Миркуловски, Игор Ѓоргиев.
ДЕФАНЗИВЦИ: Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА