Лазаров го има голот на колото, Митревски втората најдобра одбрана (ВИДЕО)

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и неговиот погодок за драматичниот триумф над Украина во воведното коло од групната фаза на Европското првенство се најдоа на најдобрата позиција во изборот на ЕХФ за гол на вториот ден од шампионатот. Лазаров погоди за 26-25 буквално во завршната секунда, тој средбата ја заврши со осум гола.

Вториот херој во нашиот национален тим, голманот Никола Митревски кој со 15 одбрани и интервенции во клучни моменти беше најзаслужен за победата на македонскиот состав во изборот што го направи Европската ракометната федерација со интервенцијата во обидот на Остроушко се најде на втората позиција. Првото место му припаѓа на чуварот на мрежата на Норвешка, Бергерунд.

 

 

 

Се вчитува...